• четврток, 04 јули 2024

Кривична пријава за двајца скопјани за фалсификување пари

Кривична пријава за двајца скопјани за фалсификување пари

Скопје, 17 ноември 2023 (МИА) - Кривична пријава по брза постапка добија две лица од Скопје поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело – фалсификување пари. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, при преглед на нивното возило пронајдени се фалсификувани пари во вредност од 3500 долари во апоени по 100 долари, по што лицата биле приведени во полициска станица.

-Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје вчера (16.11.2023) поднесе кривична пријава по брза постапка против лицата А.И. (18) и З.А. (42) од Скопје поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело - “фалсификување пари“ по чл.268 од КЗ, велат од МВР.

Оттаму додаваат дека по извршен претрес на три локации во Скопје, кај едно лице пронајдени и одземени се 1100 евра за кои постои сомнение дека потекнуваат од приведените лица. сх/дма/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан