• петок, 05 јули 2024

Кривична пријава за двајца измамници од Кочани

Кривична пријава за двајца измамници од Кочани
Скопје, 6 октомври 2021 (МИА) - Одделението за внатрешни работи Кочани до Основното јавно обвинителство Кочани, поднесе кривична пријава против П.С.(30) од Струга, на издржување казна затвор од седум години во затвор Штип и против Н.Н.(28) од Штип. Првопријавениот П.С., информираа денеска од МВР, остварил комуникација преку апликацијата Messenger со лице од кочанско село, се претставил како женско лице и успеал да го убеди да му ги даде сопствените лични податоци и податоците од неговата трансакциска сметка. - После тоа, двајцата пријавени како соизвршители аплицирале за брзи кредити и од две финансиски друштва им биле одобрени парични средства во висина од 76.500 денари. Потоа, првопријавениот го довел во заблуда оштетениот дека парите се од „нејзини“ роднини од странство, оштетениот ги извадил од банка и ги дал на второпријавениот да ги предаде на П.С., се појаснува во соопштението од МВР.  цр/лв/      

Остани поврзан