• понеделник, 23 декември 2024

Кривична пријава за градоначалничката на Скадар поради насилните протести

Кривична пријава за градоначалничката на Скадар поради насилните протести
Тирана, 13 декември 2020 (МИА ) - Градоначалничката на северниот албански град Скадар, Волтана Адеми и уште 21 друго лице добија кривични пријава за вчерашните насилни протести во овој град, јави дописничката на МИА од Тирана. - Врз основа на истрагата, крвична пријава им е поднесена на Волтана Адеми и на 21 лице, како организатори на протестот. Тие ќе одговараат за „организирање и учество на нелегални собири и протести“. Во исто време 17 малолетници кои ќе одговрааат за „ учество во нелегални собири и демонстрации“ и „нарушување на јавниот ред и мир и уништување на имот“ ќе се бранат од слобода, стои во полициското соопштение. На вчерашниот протест во Скадар, во кој главно учествуваа млади, целосно беа уништени просториите на Социјалистичката партија. Од објектот беше извадено се што се наоѓаше во него и потоа запалено. Учесниците во протестот оштетија и други објекти. Мораше да интервенира и специјалната единица за брзи интервенции По веста за поднесена кривична пријава реагираше Адеми, која рече дека ова е напад врз неа и ја повтори претходната изјава дека веднаш ја повикала полицијата, но оти таа не одговорила навреме и не го спречила нападот врз седиштето на Социјалистичката партија. -Ова е очигледен напад врз градоначалник. Воопшто не се плашам, напротив јас ќе барам темелна и до крај истрага и расветлување на вистината, наведува Адеми. Волтана Адеми е од редовите на Демократската партија. На последните локални избори, во јуни минатата година, кои опозицијата ги бојкотираше, за градоначалник беше избран Валдрин Пјетри од Социјалиситчката партија. По обвинувањата на опозицијата и започнувањето на постапката од страна на Обинителството, Пјетри се откажа од градоначалничката фотелја на која официјално не ни седна. Тој образложи дека сака да ја докаже својата невиност како обичен граѓанин. Нови избори не беа спроведени. вт/

Остани поврзан