• петок, 05 декември 2025

Кривична пријава за гостиварец кој објавувал приватни фотографии со сексистички содржини од лажен профил

Кривична пријава за гостиварец кој објавувал приватни фотографии со сексистички содржини од лажен профил

Скопје, 31 јули 2025 (МИА) - Секторот за компјутерски криминал при МВР поднесе кривична пријава против 27-годишниот К.Н. од Гостивар, осомничен за злоупотреба на лични податоци преку лажен профил на социјалната мрежа Инстаграм.

Како што соопштуват од Министерството за внатрешни работи, по неколкумесечна истрага, полицијата утврдила дека на 28 февруари 2025 година, осомничениот креирал лажен профил на Инстаграм и објавил фотографии од шест девојки од Гостивар, кои ги прибавил без нивна согласност од нивни приватни профили. Објавите биле придружени со навредливи и сексистички текстови.

По добиени податоци и преземени истражни мерки, К.Н. бил повикан на службен разговор во Полициската станица Карпош, каде го признал делото. Против него е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје за кривично дело „злоупотреба на лични податоци“ по член 149 од Кривичниот законик.ар/вј/
Фото:МИА архива 

 

Остани поврзан