• петок, 05 декември 2025

Кривична пријава за безобѕирно возење против 37-годишник, возел речиси двојно побрзо од дозволеното

Кривична пријава за безобѕирно возење против 37-годишник, возел речиси двојно побрзо од дозволеното

Скопје, 6 август 2025 (МИА) - Триесет и седумгодишник од Швајцарија, со иницијали А.Љ., бил лишен од слобода и ќе му биде поднесена пријава за „безобѕирно управување со моторно возило“.

МВР соопшти дека тој бил приведен вчера во 11.35 часот од полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово затоа што при сообраќајна и контрола со радар било констатирано дека управувал возило „мерцедес“ со швајцарски национални ознаки со брзина од 155 километри на час на место каде што максимално дозволената брзина е ограничена со знак од 80 километри на час надвор од населено место.

-Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, наведува Министерството за внатрешни работи. хс/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан