Кривична пријава за директорот на Центарот за култура „Григор Прличев“ поради злоупотреба на службената положба
- СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.С.(47) од Радовиш, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Како што соопштија од МВР, Г.С. минатата година во својство на директор на ЈУЦК „Григор Прличев“, нанел штета на установата во износ од 104.200 денари.
Скопје, 17 август 2023 (МИА) - СВР Охрид поднесе кривична пријава против директорот на Центарот за култура „Григор Прличев“ поради основано сомнение дека сторил кривични дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, 47-годишниот Г.С. од Радовиш минатата година во својство на директор на ЦК „Григор Прличев“, и нанел штета на установата во износ од 104.200 денари.
-Во периодот од 2022 година досега, во својство на директор на ЈУЦК „Григор Прличев“, без одлука на управниот одбор на установата, без уредна покана и спротивно на Уредбата за издатоци за службени патувања и селидби во странство на органите на управата, во повеќе наврати за приватни потреби патувал надвор од РСМ, со што нанел штета на установата во износ од 104.200 денари, се вели во соопштенито на МВР. бт/бак/
Фото: МИА архива