• понеделник, 15 јули 2024

Крива Паланка домаќин на регионалниот хуманитарен футсал турнир „Млади и солидарни"

Крива Паланка домаќин на регионалниот хуманитарен футсал турнир „Млади и солидарни

Крива Паланка, 6 ноември 2023,( МИА) - Под мотото „Млади и солидарни" шеесетина млади од Североисточниот регион, Куманово, Кратово и Крива Паланка, одиграа натпревари во мал фудбал, во рамки на хуманитарниот турнир што се одржа вчера во спортската сала "Бранители 2001" во Крива Паланка. Организатор и домаќин беше локалниот клуб на млади на СДММ.

-Уште еднаш покажавме дека обединети во целта на другарство и солидарност, можеме да бидеме хумани и да се дружиме на неутрален, спортски, терен. Традиционално се одржува регионален турнир,дел од националниот, на кој учество од вкупно шесте тимови од Крива Паланка, Кратово и Куманово, поделени во 2 групи, пласман во следната фаза обезбедија два тома од Крива Паланка. Најголема важност на турнирот ѝ дава целта, собраните средства од учеството на екипите, што ќе се донираат во хуманитарни цели, наменети за ранливи лица и лица со пречки во развојот, информира Алексеј Николовски, претседател на ЛК на млади социјалдемократи, Крива Паланка.

Екипите приредија одлична неделно спортско попладне. ид/љм/

Фото: ЛК СДММ Крива Паланка 

Остани поврзан