„Кредит Свис“ ќе позајми 50 милијарди франци од швајцарската Централна банка за својата ликвидност
- „Кредит Свис“ соопшти дека презема решителни активности за да ја зајакне својата ликвидност, додека акциите на банката вчера паднаа за 24 отсто, откако соопшти дека нашла „слабост“ во своето финансиско известување.
Берн, 16 март 2023 (МИА) - Банкарскиот гигант „Кредит Свис“ (Credit Suisse) соопшти дека ќе позајми до 50 милијарди франци (54 милијарди долари) од швајцарската Централна банка за да ги зајакне своите финансии.
„Кредит Свис“ соопшти дека презема решителни активности за да ја зајакне својата ликвидност, додека акциите на банката вчера паднаа за 24 отсто, откако соопшти дека нашла „слабост“ во своето финансиско известување.
Тоа предизвика општа распродажба на европските пазари и страв од поголема финансиска криза, наведува Би-Би-Си. сд/