• четврток, 27 јуни 2024

Крег Белами замена за Компани во Барнли

Крег Белами замена за Компани во Барнли

 

Лондон, 31 мај 2024 (МИА) – Поранешниот велшки фудбалски репрезентативец Крег Белами е назначен за привремен тренер на Барнли по заминувањето на Винсент Компани.

Белами изминатите сезони работеше како помошник на Компани во Андерлехт и Барнли, но патиштата им се разделија откако Белгиецот претходно оваа недела беше назначен за тренер на Баерн Минхен.

„По заминувањето на Винсент Компани, активно работиме да најдеме постојан тренер. Во меѓувреме, клубот го назначи Крег Белами, потпомогнат од Мајк Џексон, во улогите на в.д. тренер и асистент. Имаме целосна доверба во Крег и Мајк и веруваме дека нивното богато искуство и длабокото разбирање на клубот ги прави совршени кандидати да го водат тимот во овој важен момент“, се наведува во клупското соопштение на Барнли.

Поранешниот репрезентативец на Велс, Белами (44), претходно беше тренер во младинската академија на Кардиф, пред да му се приклучи на Компани во белгискиот клуб Андерлехт во 2019 година.

Компани во сезоната 2022/23 му донесе пласман на Барнли в Премиер лигата, но оваа сезона не успеа да го спаси тимот од испаѓање, по што замина од клубот и седна на клупата на минхенски Баерн. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан