• сабота, 26 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Крводарителска акција „Фондовско срце" во Битола

Крводарителска акција „Фондовско срце

Битола, 4 април 2025 (МИА) - Фондот за здравствено осигурување продолжува со традиционалната крводарителска акција „Фондовско срце", која секоја година се одржува во централната служба. Овојпат, како што информираат од ФЗО, акцијата ќе се прошири и во подрачните служби, а првата таква акција ќе се одржи денеска во Битола.

На акцијата што ќе се одржи во просториите на подрачната служба на Фондот за здравство во Битола, ќе присуствуваат и ќе даруваат крв генералниот директор на Фондот, Бранко Аџигогов, и градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски. дма/хс/

Фото: МИА архива

Остани поврзан