Краснов: Русија изврши повеќе од 9.000 нелегални мобилизации
- Русија призна дека од есента неоправдано регрутирала неколку илјади луѓе за војната против Украина.
Москва, 31 јануари 2023 (МИА) – Русија призна дека од есента неоправдано регрутирала неколку илјади луѓе за војната против Украина.
„Повеќе од 9.000 граѓани кои беа незаконски мобилизирани се вратени дома – вклучително и оние кои во никој случај не требаше да бидат повикани поради здравствени причини“, рече главниот обвинител Игор Краснов на средбата со претседателот Владимир Путин.
Аналитичари, сепак, претпоставуваат дека многу повеќе луѓе биле незаконски регрутирани за време на мобилизацијата нарачана од Путин во септември и дека тие никогаш не се вратиле.
Вкупно 300.000 луѓе ширум земјата биле повикани на бојното поле.
Обвинителот Краснов, исто така, рече дека воените структури во неговата земја имаат „многу сериозни проблеми“. паг/