• петок, 22 ноември 2024

Кралски ботанички градини: Приближно 40 растителни видови се пред исчезнување

Кралски ботанички градини: Приближно 40 растителни видови се пред исчезнување
Лондон, 7 октомври 2020 (МИА) - Истражувањето на британските Кралски ботанички градини (РБГ) во кое учествуваа 210 научници од 42 држави покажа дека 39,4 отсто од растителните видови се на работ на исчезнување, што е за 18 отсто повеќе во споредба со 2016 година. Научниците потенцираат дека 723 растителни видови што се пред изченување се користат во медицината, додека голем број претставуваат потенцијален извор на храна или енергија што не се искористува доволно. Според РБГ, има 7.093 растителни видови што можат да се користат како храна, но 90 отсто од светската популација употребува само 15 од нив, а четири милијарди луѓе конзумираат само оруз, пченка и пченица. - Овогодинешниот извештај е одраз на светот, кој им сврти грб на потенцијалните растенија и габи како решение за глобалното прашање за безбедноста на храната и климатските промени, изјави Александар Антонели од РБГ. Тој додаде дека човекот предолго време е зависен од премал број растителни видови. - Не успеваме да го искористиме богатството на неверојатниот биодиверзитет што ни се нуди и ја пропуштаме можноста со генерации, посочи Антонели. ми/

Остани поврзан