• четврток, 27 јуни 2024

Кралот Чарлс е „многу горд на Кетрин поради нејзината храброст“

Кралот Чарлс е „многу горд на Кетрин поради нејзината храброст“

Лондон, 22 март 2024 (МИА) – Британскиот крал Чарлс изјави дека е „многу горд на Кетрин за нејзината храброст да зборува“ по објавата на принцезата од Велс дека има рак.

Чарлс, кому исто така му беше дијагностициран рак по интервенција за зголемена простата, останува во „најблизок контакт со својата сакана снаа“, соопшти Бакингемската палата.

- И двете нивни височества ќе продолжат да ја даваат својата љубов и поддршка на целото семејство во овој тежок период, се вели во соопштението.

Кејт Мидлтон, принцезата од Велс, денеска откри дека и е дијагностициран рак и дека е на превентивна хемотерапија. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан