• вторник, 24 декември 2024

Кралот на Јордан демантира дека користел јавни фондови за купување на куќи во странство

Кралот на Јордан демантира дека користел јавни фондови за купување на куќи во странство
Аман, 4 октомври 2021 (МИА) - Кралот на Јордан, Абдула Втори денеска демантираше дека направил каков било престап при купување на луксузни куќи во странство, истакнувајќи дека за трансакциите во висина од околу 100 милиони долари од безбедносни причини и оти не се користени јавни фондови. Меѓународен конзорциум на истражувачки новинари објави дека стотина светски лидери, политичари, милијардери, славни личности, верски лидери и дилери на дрога полови на век ги криеле своите инвестиции во луксузни куќи, ексклузивни имоти, јахти и други имот. Во извештајот наречен Пандорини документи се наведува дека советниците му помогнале на кралот Абдула да формира над 30 фиктивни компании од 1995 до 2017 година, при што купил 14 куќи во вредност од 106 милиони долари во САД и Велика Британија. Кралот на Јордан преку британската компанија „Вирџин ајландс“ (Virgin Islands) купил куќа за 23 милиони во Калифорнија. Објавените детали се удар за кралот Абдула Втори, бидејќи Владата на Јордан се соочи со скандал оваа година, откако полубратот на кралот, поранешен престолонаследник, принцот Хамза, го обвини владејачкиот систем за корупција и неспособност. Кралот тврдеше дека е жртва на „злонамерна завера“ и го стави својот полубрат во домашен притвор, а на двајца негови поранешни блиски соработници им се суди. ми/

Остани поврзан