• вторник, 20 август 2024

Кралот на Тајланд го одобри назначувањето на Паетонгтарн Шинаватра за премиерка на земјата

Кралот на Тајланд го одобри назначувањето на Паетонгтарн Шинаватра за премиерка на земјата

Бангкок, 18 август 2024 (МИА) - Тајландскиот крал Маха Ваџиралонгкорн денеска го одобри назначувањето на Паетонгтарн Шинаватра за премиерка, два дена откако парламентот ја избра, што го отвори патот за формирање на кабинет во наредните недели, објавија британските медиуми.

Одобрувањето на кралот, кое беше формалност, беше прочитано од секретарот на Претставничкиот дом, Апат Сухананд на церемонијата во Бангкок. мс/

фото: ДПА

Остани поврзан