• вторник, 02 јули 2024

Кралот на земја се врати со експресна победа против полуфиналист од УС Опен

Кралот на земја се врати со експресна победа против полуфиналист од УС Опен
Њујорк, 16 септември 2020 (МИА) - Светскиот рекет број 2 Рафаел Надал силно се врати на теренот. Шпанецот оствари победа со 6:1, 6:1 за само 73 минути против својот сонародник Пабло Карењо Буста во натпревар од второто коло на турнирот од серијата Мастерс 1000 во Рим. Ова беше прв официјален натпревар за Кралот на земја од 1 март годинава, кога победи на турнирот во Акапулко. Исто така, Надал не играше на својата омилена површина од минатогодишното финале на Ролан Гарос. Надал во третото коло ќе се сретне со некој помеѓу Милош Раониќ и Душан Лајовиќ.

Тагови

Остани поврзан