• понеделник, 23 декември 2024

Кралицата Елизабета со порака до Бајден: Моите мисли и молитви се за жртвите и преживеаните од нападите на 11 септември

Кралицата Елизабета со порака до Бајден: Моите мисли и молитви се за жртвите и преживеаните од нападите на 11 септември
Лондон, 11 септември 2021 (МИА) - Британската кралица Елизабета денеска рече дека се моли за жртвите и преживеаните од нападите на САД на 11 септември и им оддаде почит на заедниците што се обединија во обновата по разорувањето. „Моите мисли и молитви - и мислите на моето семејство и целата нација - остануваат со жртвите, преживеаните и погодените семејства, како и службите за итна помош и спасување повикани на должност“, истакна таа во пораката до американскиот претседател Џо Бајден. Таа додава дека посетата на Светскиот трговски центар во 2010 година останала во нејзината меморија. „Ме потсетува дека ние додека им оддаваме почит на луѓето од различна националност, религија и потекло што ги загубиле своите животи, исто така оддаваме почит на издржливоста и одлучноста на заедниците што се собраа за обновата“, нагласува кралицата Елизабета во пораката. Во терористичкиот напад на 11 септември 2021 година два авиона го урнаа Светскиот трговски центар при што загинаа 2.753 луѓе, третиот се урна во Пентагон во Арлингтон, Вирџинија и четвртиот авион за кој се верува дека се упатил кон Капитол или Белата куќа се урна во Шенксвил, Пенсилванија. Меѓу загинатите имаше и 67 британски државјани. паг/      

Остани поврзан