Кралицата Елизабета и принцот Филип ја примија вакцината против Ковид-19
- Британската кралица Елизабета (94) и принцот Филип (99) ја примија вакцината против Ковид-19, соопшти денеска Бакингемската палата.
Лондон, 9 јануари 2021 (МИА) - Британската кралица Елизабета (94) и принцот Филип (99) ја примија вакцината против Ковид-19, соопшти денеска Бакингемската палата.
Кралската куќа, која ретко открива детали за здравствената состојба на кралската двојка, соопшти дека кралицата одлучила информацијата да биде објавена за да се спречат можните шпекулации и неточни информации, пренесува Би-Би-Си.
Извор близок до кралското семејство потврдил дека вакцината им била дадена на кралицата и принцот Филип од матичен лекар во замокот Виндзор.
Во Велика Британија досега 1,5 милиони луѓе ја примиле првата доза на вакцина против коронавирус. паг/