• понеделник, 23 декември 2024

Кралицата Елизабета Втора се појави на балконот на Бакингемската палата на последниот ден од прославата на платинестата годишнина

Кралицата Елизабета Втора се појави на балконот на Бакингемската палата на последниот ден од прославата на платинестата годишнина
Лондон, 5 јуни 2022 (МИА) - Кралицата Елизабета Втора денеска, на последниот ден од прославите по повод 70-годишнината од нејзиното стапување на тронот, накратко се појави на балконот на Бакингемската палата за да ги поздрави насобраните луѓе. Кралицата (96) излезе на балконот, придружувана од синот Чарлс, внукот Вилијам, нивните сопруги и деца. Тогаш се огласи и британската химна „God save the queen“. Елизабета Втора ги ограничи своите настапи во последните месеци поради проблеми со одењето. Досега таа се појави само два пати во текот на четиридневната празнична програма. Таа им мавна на илјадниците луѓе собрани пред палатата на крајот од парадата, на која присуствуваа над 100 национални познати личности како пејачот Ед Ширан и поранешниот фудбалер Гери Линекер. Елизабета Втора се искачи на тронот во 1952 година, кога имаше 25 години. Таа е британскиот монарх со најдолго владеење. паг/  

Остани поврзан