• сабота, 23 ноември 2024

Кралицата на Јордан: Заглушувачка тишина во светот за цивилните жртви во израелското бомбардирање на Газа

Кралицата на Јордан: Заглушувачка тишина во светот за цивилните жртви во израелското бомбардирање на Газа

Аман, 25 октомври 2023 (МИА) - Јорданската кралица Ранија денеска изјави дека е очигледно дека западните лидери имаат двојни стандарди бидејќи не ја осудиле смртта на цивилите за време на израелското бомбардирање на Газа.

Ранија во интервју за Си-Ен-Ен рече дека луѓето ширум Блискиот Исток, вклучително и Јордан, „се шокирани и разочарани од реакцијата на светот на катастрофата“.

„Во последните неколку недели видовме очигледни двојни стандарди во светот“, рече Ранија и додаде дека веднаш по 7 октомври, целиот свет недвосмислено застана со Израел и го осуди нападот на Хамас, а дека во последните неколку недели се молчи за убиствата на палестинските цивили во Појасот Газа.

Јорданската кралица додаде дека за првпат во модерната историја се случува вакво човечко страдање, а  светот дури и да не повика на прекин на огнот.

„Тишината е заглушувачка - и за многумина во нашиот регион, тоа го прави западниот свет соучесник“, рече таа. паг/

Фото: ЕПА

 

 

 

Остани поврзан