Кражба од товарни вагони на Железници во Градско
- Извршена е кражба од товарни вагони на Железници Градско во текот на вчерашниот ден, информира Министерството за внатрешни работи.
Скопје, 8 март 2022 (МИА) – Извршена е кражба од товарни вагони на Железници во Градско во текот на вчерашниот ден, информира Министерството за внатрешни работи.
Според информациите од МВР, во 20 часот на улица „Александар Македонски“ кај железничката пруга во Градско од страна на полициски службеници од ПК Градско бил лишен од слобода Д.И (22) од Штип.
Тој се сомничи дека извршил „тешка кражба“ од паркираните товарни вагони, сопственост на АД „Македонски железници“.
Д.И. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.свс/лв/