• сабота, 05 октомври 2024

Кражба во две возила на екипата од Турција што снимала во Скопје

Кражба во две возила на екипата од Турција што снимала во Скопје
Скопје, 13 октомври 2022 (МИА) - Турски државјанин M.E.(35) синоќа пријавил во Полициската станица Центар дека во 11:20 часот на ул.„Самоилова“ во Скопје, едно лице одзело паричници со пари и други предмети од две возила на екипа која снимала на локацијата, соопшти попладнево Министерството за внатрешни работи.

Според пријавеното, лицето употребило и физичка сила кон лице од Република Турција кое се обидело да го спречи сторителот да избега

Од МВР посочуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. фф/са/

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан