Коњановски: Битола ќе добие нова спортска сала што ќе го промени спортскиот живот во градот
- Битола ќе добие нова спортска сала, проект кој ќе го промени спортскиот живот во нашиот град, изјави кандидатот за градоначалник од ВМРО - ДПМНЕ, Тони Коњановски.
Битола, 15 октомври 2025 (МИА) - Битола ќе добие нова спортска сала, проект кој ќе го промени спортскиот живот во нашиот град, изјави кандидатот за градоначалник од ВМРО - ДПМНЕ, Тони Коњановски.
Новата сала, ќе биде центар за спорт и рекреативни активности,соодветна замена на поранешната боксерска сала, посочи Коњановски.
-Овој проект е поддржан во првиот повик на Владата на Република Македонија за капитални инвестиции минатата година. Денес, веќе се гради модерен објект, од над 1000 квадратни метри, вреден повеќе од 40 милиони денари, кој ќе стане вистински дом за нашите спортисти и млади. Новата сала, ќе им овозможи на нашите боксери, да тренираат во современи услови, а дополнително ќе има и карпа за качување за сите љубители на авантуристички спортови. Со овој проект, од една поранешна руина, ќе изградиме објект, што ќе биде симбол на енергија, дух и амбицијата на новиот град, нагласи Коњановски.
Кандидатот за градоначалник на Општина Битола Тони Коњановски од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата најавија и други инвестиции во спортот. мт/дма/
Фото: ВМРО ДПМНЕ