• среда, 08 мај 2024

Кошаркарската репрезентација на Северна Македонија поразена од Швајцарија

Кошаркарската репрезентација на Северна Македонија поразена од Швајцарија
Скопје, 12 август 2021 (МИА) - Во првиот меч на стартот на претквалификациите за пласман на Светското првенство кое ќе се игра во 2023 година, кошаркарската репрезентација на Северна Македонија загуби од Швајцарија со резултат од 62-67. Најефективен во редовите на Северна Македонија беше Мекиќ со 16 поени, додека, кај Швајцарците, Казади со 19 поени. Покрај македонската и швајцарската репрезентација, на турнирот кој се игра во Скопје учествува Словачка. Ќе се играат по два меѓусебни натпревара. Во второто коло од турнирот, утревечер од 19 часот, се среќаваат селекциите на Словачка и на Швајцарија, а Северна Македонија е слободна. Турнирот ќе се одржи од 12 до 18 август, а пласман во следната рунда обезбедуваат двете првопласирани репрезентации. ар/лв/

Остани поврзан