• недела, 22 декември 2024

Кошаркарките на Вардар поуспешни на гостувањето кај Крива Паланка

Кошаркарките на Вардар поуспешни на гостувањето кај Крива Паланка

Крива Паланка, 26 ноември 2023 (МИА) - Во седмото коло од македонското женско кошаркарско првенство, тимот на Крива Паланка на домашен терен загуби од Вардар со 61:66.

Засилениот прволигаш од Крива Паланка во чиишто редови вечерва дебитираше американскиот центар Џордан Арон Хоукинс, одигра на висина на задачата во првите три периоди, но немаше сили за триумф.

По водството на домаќините во првата четвртина од 21:15, благодарение на двоецот Алексовска и Мккала на бековските позиции, следуваше вистинско надигрување на паркетот, каде најистурени во нападот кај гостинскиот тим беа Кејтлин Метхиу и Зафировска Моника, а во домашниот табор шутерски најрасположена беше Ѓоргиевска , со реализирани четири од пет шутеви за три поени, на полувремето резултатот беше изедначен, 34:34. Третата четвртина донесе водство на вардарки кое на моменти го загрозуваа паланчанки, но одличната одбранбена игра на двете екипи доминираше, па сепак, во последните две минути од мечот, поголемата концентрација во нападот кај гостинскиот состав предводен од селекторот на женската кошаркарска репрезентација, Александар Ашаданов, резултираше со победа на Вардар и нови три бода што ги позиционираа на првата позиција на табелата.

Во останатите натпревари од ова коло, Куманово Гризли ја победи Струга 2009 со 70:37, Бадел 1862 загуби од Пробаскет со 44:87, а дуелот на помеѓу МЗТ Скопје и Баскет Кам заврши во корист на тимот од Македонска Каменица со 67:51. ид/зс/

Фото: МИА

Остани поврзан