• петок, 22 ноември 2024

Кошаркарите на Црвена ѕвезда тренираа пет часа под водство на Душко Ивановиќ

Кошаркарите на Црвена ѕвезда тренираа пет часа под водство на Душко Ивановиќ
Белград, 17 ноември 2022 (МИА) – Новиот тренер на Црвена ѕвезда, Душко Ивановиќ на почетокот на неделата ги презеде „црвено-белите“ и веќе покажа дека е одлучен да ја подигне формата на тимот. На вториот тренинг, одржан вчера Ивановиќ работеше со тимот цели пет часа. Кошаркарите почнаа со работа во 17 часот, а завршија во 22 часот. Претседателот на Црвена Звезда, Небојша Човиќ претходно изјави дека раната промена на тренерот е диктирана од желбата на раководството да го зголеми степенот на дисциплина во тимот. Црвена ѕвезда е последна во Евролигата со само една победа на седумте одиграни натпревари. Во регионалната АБА-лига, белграѓани имаат четири победи еден пораз. зс/

Остани поврзан