• понеделник, 23 декември 2024

Кошаркарите во НБА го преферираат 18 јануари за почетокот на новата сезона

Кошаркарите во НБА го преферираат 18 јануари за почетокот на новата сезона
Вашингтон, 29 октомври 2020 (МИА) – Најголем дел од кошаркарите, вклучително и „суперѕвездите“ на лигата, се за почеток на новата сезона во НБА на 18 јануари, објави „Јаху Спорт“. Во овој случај, пазарот на слободни агенти ќе се отвори на 1 декември. Националната кошаркарска асоцијација разгледува различни опции за почеток на новата сезона. Одборот на гувернери на Лигата сугерира дека сезоната 2020/21 може да започне на католички Божик (25 декември). Комесарот Адам Силвер рече дека почетокот на шампионатот со навивачи на трибините повеќе не е приоритет, бидејќи може да го помести распоредот . зс/

Остани поврзан