Котлар: Пред училиштата и градинките ќе има Зона 30
- Кандидатката за градоначалник на Општина Центар од ВМРО-ДПМНЕ Наташа Котлар вети дека ако биде избрана за следните четири години пред училиштата и градинките ќе воведе Зона 30, физички препре
Скопје, 26 октомври 2021 (МИА) - Кандидатката за градоначалник на Општина Центар од ВМРО-ДПМНЕ Наташа Котлар вети дека ако биде избрана за следните четири години пред училиштата и градинките ќе воведе Зона 30, физички препреки на улиците, визуелна и светлосна сигнализација.
- Се наоѓам на раскрсницата кај училиштето „Кочо Рацин“, безбедноста на учесниците во сообраќајот, сообено на дечињата и на ученициоте за нас е многу важна. Затоа пред училиштата и градинките ќе воведеме Зона 30, со максимална брзина на возилата од 30 километри на час. Ќе поставиме визички препреки на улиците, визуелна и светлосна сигнализација, истакна Котлар.
Таа потенцира дека секое училиште за децата од прво до петто одделение ќе има свој редар со жолт елек и знак Стоп, кој ќе може да го сопре сообраќајот кога ќе поминува поголема група на ученици.фф/са/
https://www.youtube.com/watch?v=yPgeruh986w