• сабота, 05 октомври 2024

Котевски нов тренер на Металург

Котевски нов тренер на Металург
Скопје, 21 јануари 2022 (МИА) – Поранешниот македонски репрезентативец, Игор Котевски е назначен за нов тренер на Металург. - Игор Котевски е нов тренер на Металург. Ова значи негово враќање во Автокоманда, откако претходно го водеше и Металург 2, објави клубот од Автокоманда. Котевски на тренерската позиција во Металург ќе го наследи Иван Марковски. Во својата тренерска кариера, Котевски пред доаѓањето во Металург работеше во неколку младински екипи, како и со првите тимови на Бутел и Голден Арт. зс/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан