• сабота, 23 ноември 2024

Костовски: На лидерска средба се оди со став, интеграција или изолација

Костовски: На лидерска средба се оди со став, интеграција или изолација

Скопје, 30 мај 2023

 

Почитувани граѓани,

Пред нашата земја и целиот наш народ е исправена одлука со која имаме шанса да го продолжиме европскиот пат, да ја обезбедиме европската иднина на земјата.

Скрининг процесот успешно се спроведува и наскоро ќе заврши.

Успеавме македонскиот јазик да го заштитиме и да го обезбедиме на ниво на јазиците на земјите членки на Унијата.

Време е за глас за Европа во македонското Собрание  за продолжување на европскиот пат и остварување на уште една стратешка цел: членство во ЕУ!

Со тоа и да ги затвориме сите идентитетски прашања еднаш-засекогаш.

Изборот пред секоја политичка партија е интеграција или изолација.

Проевропски блок за европска иднина или анти-европски блок за изолација.

Христијан Мицкоски, наместо со денови да молчи треба да излезе пред јавноста и да каже што одлучил.

Дали ќе се приклучи кон европскиот блок или ќе остане во заложништво на Левица во анти европскиот блок.

На лидерска средба се оди со став.

Пред Мицкоски е моментот на вистината.

Затоа, го повикуваме да не врти од околку, да не менува ставови во секоја изјава, да си ги среди ставовите и да каже што одлучил:

ЕУ или Левица?

 

Прес-конференција, Мартин Костовски, пратеник на СДСМ

СДСМ - Центар за комуникации со јавноста

Фото:МИА

Видео:СДСМ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан