• петок, 22 ноември 2024

Градоначалникот на Бутел ги отфрла обвинувањата од Арсовска, најавува прес-конференција во понеделник

Градоначалникот на Бутел ги отфрла обвинувањата од Арсовска, најавува прес-конференција во понеделник

Скопје, 11 март 2023 (МИА) - Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски ги отфрла обвинувањата на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во врска со проектот за изградба на булеварот „Боца Иванова“ и обвинува дека таа, а не тој, прави политиканство.

-За помалку од две години, Арсовска се скара со ВМРО-ДПМНЕ, со синдикатот во Водовод, со синдикатот на ЈСП, со директорите на сите претпријатија за кои велеше дека се најдобри за модерно Скопје. Се скара и со МКЦ и вработените, со приватните превозници, со градоначалниците од ЗЕЛС, а деновиве започна да се кара и со народот од општина Бутел, пишува Костовски во објава на Фејсбук. 
 
Тој вели дека на Арсовска, ниту еднаш не и посочил дека најголем проблем во неговата општина е таа улица која за неа е приоритет, поради, како што вели, лични причини.
 
-Многу симтоматично зошто Арсовска инсистира да не ја промени трасата, а приватната фирма да ја изгради трасата која вети дека ќе ја ревидира пред изборите, пишува Костовски и најавува дека повеќе детали ќе изнесе на прес - конференција во понеделник. вг/бак/
 
Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан