• среда, 03 јули 2024

Костовска и Пандев најдобри македонски спортисти за 2020 година

Костовска и Пандев најдобри македонски спортисти за 2020 година
Скопје, 18 февруари 2021 (МИА) - Агенцијата за млади и спорт вечерва на свечена церемонија ги прогласи најуспешните македонски спортисти за 2020 година. Добитници на наградите по категории се: Најдобра млада спортистка: Магдалена Божиновска (карате) Најдобар млад спортист: Роберто Ацковски (карате) Најуспешен спортист за лица со инвалидитет: Владимир Тркаљанов (шах) Најуспешен национален тим: Македонската фудбалска репрезентација Најуспешен тренер/селектор: Игор Ангеловски (селектор на македонската фудбалска репрезентација) Најуспешна федерација: Фудбалската федерација на Македонија Најдобра спортистка: Вероника Костовска (карате) Најдобар спортист: Горан Пандев (фудбал). Во отсуство на Горан Пандев, наградата за најдобар спортист, премиерот Зоран Заев, ја врачи на братот на капитенот на репрезентацијата, Сашко Пандев. зс/

Остани поврзан