• петок, 22 ноември 2024

Костадиновска-Стојчевска од Прохор Пчински: АСНОМ е света кратенка која нė држи будни во негувањето на патриотизмот, храброста, визионерството

Костадиновска-Стојчевска од Прохор Пчински: АСНОМ е света кратенка која нė држи будни во негувањето на патриотизмот, храброста, визионерството

Скопје, 2 август 2023 (МИА) - Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска беше дел од државно-црковната делегација која денеска го посети  манастирот „Св. Прохор Пчински“ во Република Србија, каде е одржано првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ), на 2 август 1944 година.

Како што соопшти Министерството за култура, Костадиновска-Стојчевска од „Прохор Пчински“ порача дека со почит кон нашата историја и со вера во нашата иднина, го славиме Илинден и продолжуваме напред, заедно.

-Стоиме горди на местото каде се удрени темелите на нашиот јазик, државност и идентитет. Манастирот „Св. ‘Прохор Пчински’ засекогаш ќе остане во нашата меморија и со длабока почит, додека е векот и светот, ќе им се поклонуваме на нашите херои, на нашите визионери, на нашите ослободители. АСНОМ е светата кратенка која мора да нė држи будни. Таа е копнеж, храброст, патриотизам на поколенија македонски јунаци, илинденци и партизани, кои ги поставија темелите за остварување на идеалите за слободна и своја држава, рече Костадиновска-Стојчевска.

Министерката за култура порача дека и денеска се поклонивме на ова, за нас, историско место, пред спомен плочата на Манастирот која сведочи дека тука, пред 79 години, се одржа Првото заседание на АСНОМ и, потстеи дека меѓу другото, во Декларацијата се запиша: „Се забрануваат и прогонуваат сите фашистички и профашистички дејствија, оти се против слободата...“. На овој ден, 2 август 1944 г., македонскиот јазик е прогласен и за службен јазик во македонската држава.

Делегацијата беше предводена од претседателот Стево Пендаровски заедно со потпретседателот на Собранието Горан Мисовски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, Викарниот Епископ Хераклејски г. Климент и претставници од Сојузот на борците на НОБ. Тие го посетија  манастирот „Св. Прохор Пчински“ и положија свежо цвеќе пред спомен-плочата на АСНОМ.

Македонската делегација во „Прохор Пчински“ беше пречекана од претседaтелот на Србија, Александар Вучиќ и од Епископот врањски г. Пахомије, по што двете високи делегации го разгледаа манастирскиот комплекс. дма/

 

Фото: Министерство за култура

Остани поврзан