• сабота, 23 ноември 2024

Костадиновска-Стојчевска и Тренчевска го посетија Археолошкиот музеј во Скопје

Костадиновска-Стојчевска и Тренчевска го посетија Археолошкиот музеј во Скопје

Скопје, 27 јули 2023 (МИА) - Министерките за култура и за труд и социјална работа Бисера Костадиновска-Стојчевска и Јованка Тренчевска денеска го посетија Археолошкиот музеј во Скопје, заедно со децата од Центарот за бездомни лица од Чичино Село и од Дневните центри за деца на улица од Кисела Вода и од Шуто Оризари.

Директорката на Музејот Славица Бабамова, на сликовит начин адаптиран за детската возраст, ги запозна децата со пронајдените археолошки предмети кои беа изложени на поставката „Стибера, 70 години археолошки истражувања“.

-Најмладите поминаа квалитетно време во читање во катчето предвидено за деца заедно со двете министерки, кои им подарија сликовници од македонски автори. Истовремено, тие стекнаа нови знаења за македонското археолошко културно наследство преку соодветни тематски сликовници наменети за деца, соопштија од Министерството за култура.

Костадиновска-Стојчевска истакна дека е од особена важност да се развијат читачките навики уште од најрана возраст, а тоа ќе придонесе најмладите да ги внесеме во светот на фантазијата, на приказните и да ја побудиме креативноста кај нив.

Таа посочи дека во приоритетите на Министерството за култура е објавувањето литература за деца со цел да го поддржат книгоиздаваштвото и потенцираше дека имаат плејада млади автори кои се посветени на детското литературно творештво. Министерството за култура, како што рече, и во иднина ќе продолжи да ја поддржува нивната авторска работа. бт/дма/

Фото: Министерство за култура

Остани поврзан