• понеделник, 23 декември 2024

Косовски полицајци на 26 март во Скопје

Косовски полицајци на 26 март во Скопје
Тетово, 7 март 2020 (МИА) - Дополнителната заменик министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска истакна дека со косовските колеги се во координација во пресрет на фудбалскиот дуел Македонија-Косово. Таа истакна и дека се очекува испорака на нови пасоши. - Во постојана комуникација сме со косовските колеги и се очекуваат да дојдат во Скопје на оперативна средба каде што ќе размениме информации со кои располагаме. Нивно присуство ќе биде забележано и на 26 март, изјави Славјанка Петровска од Теарце. За проблемите со набавка на пасошите, Петровска потенцира дека се уште се работи на отстранување на застојот во издавањето. -Во координација сме со компанијата која врши испорака и очекуваме да бидеме известени за денот на испорака, рече дополнителната заменик министерка. На новинарско прашање истакна дека иако се двајцата на подрачје на СВР Тетово, се координирани и известени меѓусебе со министерот Наќе Чулев. ас/аа/

Остани поврзан