• сабота, 23 ноември 2024

Косовските власти ја ставија во карантин цела општина Урошевац

Косовските власти ја ставија во карантин цела општина Урошевац

Приштина, 11 април 2020 (МИА) – Министерството за здравство на Косово одлучи денеска да прогласи карантин на територијата на цела општина Урошевац, поради ширењето на епидемијата на Ковид-19 во таа област, јави дописникот на МИА од Приштина.

Одлуката, која министерството попладнево му ја достави на градоначалникот на Урошевац Агим Алиу, е донесена откако во текот на вчерашниот ден во таа општина беа потврдени 18 нови случаи на носители на вирусот.

Претходно во Урошевац имаше двајца заразени од новиот коронавирус, додека денеска се очекуваат резултатите од испитување на примероците на 65 лица кои биле во контакт со новите заболени.

Од појавата на првите случаи, на 13 март, заклучно со вчерашниот ден, во Косово се регистрирани вкупно 250 заразени. Излекувани се 52 лица кај кои претходно било утврдено присуството на вирусот, а истовремено се забележани и седуммина починати како последица на епидемијата. иа/

Остани поврзан