• понеделник, 23 декември 2024

Косовската Влада вечерва воведе вонредни мерки заради коронавирусот

Косовската Влада вечерва воведе вонредни мерки заради коронавирусот
Приштина, 11 март 2020 (МИА) - Косовската Влада вечерва усвои сет мерки како превентива против ширењето на коронавирусот, а една од првите мерки е прекин на наставата во основните училишта, претшколските установи, градинките и универзитетите од 12 до 27 март. Веста ја соопшти косовската министерка за образование Хикмета Бајрами која додаде дека одлуката мора да се применува на територијата на цела држава и во средините, односно деловите од Косово, во кои наставата се посетува според системот за образование на Репубоика Србија , пренесе Косоов онлајн. Сајтот наведува дека ќе се воведе и медицинска и полициска контрола врз сите граѓани кои доаѓаат од зона на епидемија и тие веднаш ќе бидат испраќани во карантин. сд/

Остани поврзан