• сабота, 23 ноември 2024

Користењето на буквата „Z“ во контекст на руската агресија ќе се казнува во Германија

Користењето на буквата „Z“ во контекст на руската агресија ќе се казнува во Германија
Берлин, 28 март 2022 (МИА) - Поединци кои ја прикажуваат буквата „Z“ во Германија за да ја симболизираат поддршката за руската војна во Украина би можеле да бидат обвинети, изјави денеска портпаролот на Министерството за внатрешни работи. „Буквата Z како таква, се разбира, не е забранета, но нејзината употреба во поединечни случаи може да претставува одобрување на руската воена агресија“. Буквата Z се користи како ознака на руските воени возила што учествуваат во конфликтот и е усвоена од Русите кои ја поддржуваат војната, при што е истакната на знамињата и на митинзите за поддршка на Кремљ. „Руската агресивна војна врз Украина е криминален чин и оној кој јавно ја одобрува таа агресивна војна, може да биде кривично гонет“, рече портпаролот на Министерството за внатрешни работи на редовната прес-конференција. Министерот за внатрешни работи на покраината Берлин претходно изјави дека градските власти ќе се осврнат на случаите кога симболот Z се користи за поддршка на агресијата на Русија, по најавите на Баварија и Долна Саксонија дека и тие ќе ги казнат таквите дела. аа/

Остани поврзан