• понеделник, 23 декември 2024

Координација за гасење на пожарот над село Умлена

Координација за гасење на пожарот над село Умлена
Пехчево, 4 август 2021 (МИА) - Во село Умлена во моментов се прават координации помеѓу пожарникарските единици од неколку градови од земјава, а штотуку пристигнаа и пожарникари од Скопје. Забележително е големо присуство и на полицајци и од специјалните единици за брзи интервенции кои заеднички прават во моментов план за гасење на пожарот над селото Умлена. Засега сите сили се сконцентрирани над ова село, а во утринските часови ќе се префрлат над селото Робово. Според градоначалникот на Општина Берово, Ѕвонко Пекевски, нема повредени во пожарите, ниту пак некој да се пожалил на некои полесни повреди при гаснењето на пожарите. Во моментов на терен се и екипи на Црвен крст, вкупно 16 волонтери кои се логистичка поддршка на пожарникарите и полициските сили, државните и комуналните претпријатија од земјава и делат вода на сите коишто учествуваат во гаснењето на пожарите. Се очекува утре рано наутро да полетаат и петте хеликоптери како што најави на својот „Фејсбук“ објави директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. вдј/лв/

Остани поврзан