• четврток, 16 април 2026

Координативен состанок во ЦУК за превенција од шумски и пожари на отворен простор

Координативен состанок во ЦУК за превенција од шумски и пожари на отворен простор

Скопје, 15 април 2026 (МИА) - Раното предупредување и превенцијата од пожари на отворен простор и шумски пожари беа во фокусот на денешниот координативен состанок на субјектите од системот за управување со кризи што се одржа во Центарот за управување со кризи.

Како што соопштуваат од ЦУК, на состанокот, директорот на ЦУК, Мухамет Али, заедно со претставници на надлежните институции, разговарале за тековните состојби, преземените превентивни мерки и активностите поврзани со справувањето со ризиците од пожари на отворен простор и шумски пожари.

-Во фокусот на дискусијата беа расположивите човечки и технички капацитети, како и потребата од брза, навремена и координирана реакција на локално, регионално и национално ниво-стои во соопштението од ЦУК.

Целта на средбата, како што дополнуваат, била зајакнување на меѓуинституционалната координација, подобрување на комуникацијата и прецизно дефинирање на приоритетите за ефикасна превенција и одговор при пожари од пошироки размери.ар/вј/

Фото: ЦУК

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан