• петок, 28 јуни 2024

Концерт на триото „Балкан ашк“ во рамки на фестивалот „Concerti del Tempietto“ во Рим

Концерт на триото „Балкан ашк“ во рамки на фестивалот „Concerti del Tempietto“ во Рим

Скопје, 24 август 2023 (МИА) - Во античкиот театар Марчело во Рим вечерва концерт ќе одржи триото „Балкан ашк“ во рамки на фестивалот „Concerti del Tempietto“.

Триото е во состав Ерхан Шукри - виолина, Енис Аљи - виолончело и Мерсиха Шукри - харфа кои ќе изведат дела од Ј. С. Бах, М. Глинка, Д. Фавре, Д. Шостанкович, П. Маскањи, Џ. Пучини, Офенбах, Р. Ловленд, Ф. Атаоглу и обработка на македонски народни теми.

Годинава, фестивалот „Concerti del Tempietto“ одбележува 35 години од постоењето. бак/аа/

Фото: МИА 

Остани поврзан