Концерт „Македонски шлагери-стари песни-нови ѕвезди“
- Во рамки на фестивалот Скопско лето, во Националната галерија Даут-пашин амам вечер ќе се одржи концерт на квартет флејти „Аулос“.
Скопје, 21 јули 2022 (МИА) - Во рамки на фестивалот „Скопско лето“, вечерва на платото на „Ист Гејт мол“ ќе се одржи концерт „Македонски шлагери - стари песни - нови ѕвезди“.
Специјални гости ќе бидат Давор Јордановски, Андријана Јаневска, Сашо Гигов – Гиш, Мила Николовска, Теа Пејиќ, Васил Ангелов и Денис Димовски.
Диригент е Иван Еминовиќ, уметнички координатор Сања Шуплевска, а продуцент е Орце Ицковски и Оркестар Полифонија.
Во сабота пак, концерт ќе одржи групата „Баклава“ - „За Скопје со љубов“, и тоа во Сули ан - Факултет за ликовни уметности. бт/бак/