• вторник, 05 ноември 2024

Конституиран Советот на Општина Радовиш

Конституиран Советот на Општина Радовиш
Радовиш, 11 ноември 2021 (МИА) - Се конституираше Советот на Општина Радовиш, а со мнозинство гласови за претседател е избрана Моника Ристевска од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, која на денешната конститутивна седница ја доби поддршката и од тројцата советници од ЛДП и ДОМ. За неа гласаа 11 советници. Шесте советници на СДСМ и коалицијата беа против, а двајца од независна листа беа воздржани. Изборот на новиот претседател го поздрави градоначалникот, Ацо Ристов. -И честитам на Моника Ристевска за изборот на претседател на Советот. На новиот Совет и советниците им посакувам успешна работа. Се надевам на одлична соработка и дека заедно ќе реализираме многу проекти за доброто на граѓаните на Општина Радовиш, рече Ристов. На денешната конститутивна седница беа формирани и повеќе комисии при Советот на Општината. рт/ки/

Остани поврзан