• понеделник, 23 декември 2024

Констатирана оставката на Димитров од пратеничката функција

Констатирана оставката на Димитров од пратеничката функција
Скопје, 25 август 2020 (МИА) - Собранието вечерва го верификуваше мандатот на пратеничката Снежана Калеска-Ванчева која доаѓа на местото на Мила Царовска. Царовска претходно поднесе оставка на пратеничката функција бидејќи е предложена од страна на мандатарот Зоран Заев да го води ресорот образование. Собранието ја констатираше и оставката на Никола Димитров, кој како и Царовска, треба да замине во извршната власт, односно да го заземе вицепремиерското место за евроинтеграции. Веќе се констатирани оставките на мандатарот Заев, како и на Љупчо Николовски, Радмила Шекеринска и Оливер Спасовски. Останува да се констатираат уште оставките на Јагода Шахпаска и Насер Нуредини. бак/скс/

Остани поврзан