• петок, 05 декември 2025

Консеисао ја напушти клупата на Милан

Консеисао ја напушти клупата на Милан


Милано, 30 мај 2025 (МИА) – Италијанскиот фудбалски гигант Милан соопшти синоќа дека ја прекинува соработката со португалскиот тренер Серхио Консеисао, кој седна на клупата на калчолигашот во декември лани.
„Милан и Серхио Консеисао нема да го продолжат своето заедничко патување следната сезона“, се вели во соопштението на Милан.
Според италијанските медиуми, главен кандидат за негов наследник е Масимилијано Алегри, поранешниот тренер на Јувентус, кој веќе го водеше Милан во периодот од 2010 до 2014 година.
Милан ја заврши сезоната во италијанската Серија А на осмото место и не успеа да обезбеди пласман во европските клупски натпреварувања. ег
ФОТО: ЕПА

Остани поврзан