• понеделник, 23 декември 2024

„Комунална хигиена“ апелира да се внимава при фрлање отпад во контејнери

„Комунална хигиена“ апелира да се внимава при фрлање отпад во контејнери

Скопје, 21 ноември 2023 (МИА) - Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ - Скопје апелира граѓаните внимателно да ракуваат со садовите наменети за одлагање на отпадот, за екипите на претпријатието да можат навремено да ги извршуваат своите работни обврски на терен, согласно оперативната програма за работа.

- Секое оштетување на контејнерите значително ја нарушува динамиката на одлагањето, собирањето и транспортот на комуналниот отпад во градот Скопје. Во текот на изминатиот викенд, од страна на непознати сторители, беа опожарени три сада наменети за одлагање комунален отпад на улицата „Јуриј Гагарин“ во скопската општина Карпош. Станува збор за пластични контејнери со зафатнина од 3,2 кубни метри, од коишто едниот е сосема уништен и неупотреблив, додека останатите два сада претрпеле значителни оштетувања од пожарот, се наведува во денешното соопштение на претпријатието.

Се додава дека екипите на претпријатието извршиле целосно расчистување и го замениле комплетно опожарениот контејнер со нов сад за одлагање на отпадот, додека останатите два контејнера биле сервисирани. бд/дма/

Фото: ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје

Остани поврзан