• сабота, 29 јуни 2024

Компанијата „Mozzart“ награди талентирани македонски кошаркари

Компанијата „Mozzart“ награди талентирани македонски кошаркари

Скопје, 11 јули 2023 (МИА) – Компанијата за приредување игри на среќа „Mozzart“ обезбеди бесплатен престој и тренинг за петмина млади македонски кошаркари во кампот на „Академија Ребрача“ во Златибор.

 

Кампот зад кој стои прославениот југословенски и српски кошаркар Жељко Ребрача ќе го посетат петмина кошаркарски таленти од Интернационалната кошаркарска академија – ИБА.

 

- Младите спортисти кои сонуваат да тргнат по стапките на познатиот Жељко Ребрача и да научат кошаркарски вештини од нивниот идол, конечно добија можност да ги исполнат своите соништа, соопшти „Mozzart“.

 

На отворениот час по кошарка, голем број млади таленти ги покажаа своите кошаркарски способности, по што петте најдобри беа одбрани и наградени со бесплатно учество на летниот камп на Златибор од страна на основачот на ИБА, Владимир Мирковски. ег/

 

ФОТО: Моцарт

Остани поврзан