• четврток, 19 декември 2024

Компанијата „Филип Морис“ ќе затвори две фабрики во Германија

Компанијата „Филип Морис“ ќе затвори две фабрики во Германија

Берлин, 31 октомври 2024 (МИА) - Производителот на тутун „Филип Морис“ најави затворање на своите фабрики во Германија поради, како што наведуваат, падот на побарувачката за тутун во Европа.

Производството во фабриката за преработка на тутун во Берлин ќе престане во првата половина на 2025 година, додека во Дрезден, каде тутунот за виткање се произведува од 2019 година, производството ќе биде завршено до средината на 2025 година, соопшти компанијата, пренесе Билд.

 „Причина за ваквата одлука е намалената побарувачка за цигари во Европа во последните години. Се очекува овој тренд да продолжи“, се наведува во соопштението.

 Од компанијата истакнуваат дека ќе бидат отпуштени вкупно 372 работници, од кои околу 270 работат во Дрезденската компанија.

„Филип Морис“ вети дека ќе понуди „фер решенија“ за сите работници кои се соочуваат со технолошки вишок.

Одлуката на „Филип Морис“, наведуваат аналитичарите, ги одразува промените во тутунската индустрија, каде побарувачката за традиционални цигари се намалува, а компаниите се прилагодуваат на новите пазарни услови.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан