• понеделник, 23 декември 2024

Компанијата „Букинг“ затаила данок во Италија и во Холандија

Компанијата „Букинг“ затаила данок во Италија и во Холандија
Рим, 10 јуни 2021 (МИА) - Италијанската финансиска полиција откри дека компанијата „Букинг“ (Booking.com) регистрирана во Холандија во периодот од 2013 до 2019 година затаила данок во висина од 153 милиони евра. Според италијанската финансиска полиција „Букинг“, која посредѕва во онлајн резервации за сместување, не е законски регистрирана во Италија, иако посредува во онлајн резервации за речиси 900.000 локации во земјата. Италијанската финансиска полиција утврдила дека компанијата од 2013 до 2019 година заработила 700 милиони евра, а не платила данок ниту во Италија ниту во Холандија. ми/

Остани поврзан