• петок, 22 ноември 2024

Комо го освои првиот бод во Серија „А“ по 21 година

Комо го освои првиот бод во Серија „А“ по 21 година

Каљари, 26 август 2024 (МИА) - По 21 година пауза, тимот на Комо го освои својот прв бод во италијанската елита. Ова стана факт по 1:1 на гостувањето кај Каљари во натпревар од второто коло на Серија „А“. Тимот на Сеск Фабрегас можеше и да победи, но во последните минути нивниот централен напаѓач Алберто Чери промаши две чисти шанси.

Инаку, домаќините поведоа на минута пред паузата преку Роберто Пиколи, а во 53-та израмни Патрик Кутроне, роден во Комо.

Натпреварот ќе остане запаметен и по дебито на гостите на Серхи Роберто, Максимо Пероне и Нико Паз, кои беа регрутирани деновиве. Вториот, кој го финализираше својот трансфер од Реал Мадрид во неделата вечерта, го изведе Чери речиси пред празна мрежа со одлично додавање во последните секунди, но ударот не успеа да заврши во голот.

За Каљари тоа беше втор домашен натпревар по ред, откако тимот забележа нерешено 0:0 против Рома во претходното коло. Комо стартуваше со две последователни гостувања, а пред една недела тимот беше поразен од Јувентус со 3:0. дс

Фото: Комо 1907

Остани поврзан